Потребна ви е помош?
+38978450546

Kinderfeets Cargo Walker Slate Blue

5.900 ден.
  • Производител: Kinderfeets®
  • Шифра:3626
  • Достапност:На залиха


или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 1000 ден.

Прекрасната дрвена играчка/проодувалка која овозможува бесконечна забава и усовршување на моторните вештини Kinderfeets® Cargo Walker е совршен додаток за секоја детска соба.

Kinderfeets® Cargo Walker 2 во 1 може да се користи како проодувалка, но и како количка за детски играчки и други предмети. Количката доаѓа со корпа во која вашето малечко може да ги чува омилените сликовници, плишани играчки, тефтери, коцки, автомобили, кукли и други предмети. Корпата е во природна боја на дрво и е совршен додаток на количката, која е достапна во две бои: пастелно сина и бела.

Количката Kinderfeets® ќе му овозможи на вашето дете да развие моторни вештини на забавен начин и да ги направи своите први независни чекори. Количките обезбедуваат дополнителна стабилност при одење. Детето ќе може цврсто да се држи до широката дрвена рачка висока 43 см. Тркалата на количките се обложени со гума, што спречува гребење и оштетување на мебелот и површините и обезбедува добра стабилност. Количката е погодна за деца од една година и е совршена за играње дома, но и за пријатни прошетки на отворено.

Карактеристики:

  • Изработена од дрво од бреза,
  • Поседува сертификати за безбедност на CE, Inetertek и SGS
  • Поседува корпа која се одвојува,
  • Холандски дизајн
  • Наменета за возраст од 1 година
  • Корпата има носивост до 20 кг
  • Погодна за складирање на кукли и играчки до 35 см
  • Димензија: 62 x 35 x 45 cm
  • Висина на рачката: 43 см
  • Тежина: 4,6 кг

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи